Време

Oблачно со краткотрајни локални врнежи од дожд

Времето денеска во државава ќе биде малку до умерено облачно и нешто потопло, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во западните делови повремено значително облачно со краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено изразен во западните делови.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 26 до 35 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 32 степена. 

И утре времето ќе биде умерено облачно и посвежо, во западните планински делови со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе