време

Облачно, постудено, со врнежи од дожд, на планините снег

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи (над 20 л/м2) ќе има во јужните и источните делови. Кон крајот на денот врнежите од дожд ќе преминуваат во повремен снег и на некои повисоки места. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Максималните дневни температури ќе достигнат: Скопје и Охрид, Маврово 3, Битола 8, Крива Паланка 7, Берово 5, Кавадарци и Дојран 10 Целзиусови степени.

И утре ќе имаме променливо облачно и студено време, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а дневните температури ќе се движат од 3 до 9 степени.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе