Време

Oблачно, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Се очекува локално процесите да бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината променливо облачно, околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за поинтензивни процеси и појава на град. Максималната температура ќе достигне до 29 степени.

До недела продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со почести сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. В понеделник ќе дува засилен северен ветер. Температурата во следните денови нема значително да се менува. 

ДУИ е дел од влада која, дел поради пандемијата, а дел поради непостоење на политичка волја за реформирање на системот и искоренување на корупцијата и организираниот криминал создаде назадоволство кај граѓаните.

повеќе

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе