Време

Облачно, попалдне и поројни дождови, на планините снег

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне и до крајот на денот со врнежи од дожд кои особено во западните делови ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м2 за 12 часа). На повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 8 степени, а дневната од 13 до 18 степени. 

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно, а попладне и до крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 4 степени, а дневната до 16 степени. Маврово 6, Охрид 13, Битола 15, Крива Паланка 14, Берово 13, Кавадарци 18, Дојран 17.

И утре ќе имаме променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни. До крајот на денот на планините врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Дневните температури ќе се движат од 2 до 16 степени.

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе