Време

Oблачно, од пладневните часови пороен дожд и грмежи

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно од пладневните часови со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер (над 70км/ч.) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната од 25 до 36 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен дожд. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде 19, а максималната ќе достигне до 31 степен. Маврово 25, Охрид 29, Битола 30, Крива Паланка и Берово 29, Кавадарци 35, Дојран 36. 

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до вторник ќе се задржи променливо облачно, врнежливо и посвежо време, претежно попладне наместа со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе