Време

Облачно, нестабилно со врнежи од дожд и грмежи

Времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен дожд, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 20, а дневната од 20 до 30 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе спушти до 18, а дневната ќе достигне 27 степени. Маврово 20, Охрид и Берово 25, Битола 26, Крива Паланка 24, Кавадарци 29, Дојран 30.

Утре претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Од понеделник и во деновите потоа ќе настапи стабилизирање на временската состојба кога ќе преовладува сончево и потопло време со пораст на дневните температури. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе