Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната од 25 до 32 Целзиусови степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 29 степени.
До утре времето на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а в четврток и в петок ќе има изолирана појава на нестабилност. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.