Време

Облачно на запад, сончево на исток

Времето денеска во западните делови во Македонија ќе биде претежно облачно, а во источните сончево со умерена облачност. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 9 до минус 2, а дневната од 5 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 7, а дневната ќе достигне до 6 степени. Во Маврово дневната температура ќе достигне до 5 степени, Крива Паланка 9, Охрид 7, Битола и Кавадарци 6, Берово 10, Дојран 13.

Утре попладне, во текот на ноќта и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег. И во текот на следната седмица ќе има услови за повремени врнежи, претежно во западните делови.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе