Време

Oблачно и врнежливо, следува период на стабилно и потопло време

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а понекаде во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната од 10 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 8, а максималната ќе досигне 12 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на стабилно и потопло време. До понеделник во планинските подрачја ќе има услови за појава на слаб дожд. Утринските температури ќе бидат над нулата, а од почетокот на следната недела дневните температури понекаде ќе го надминуваат дваесеттиот степен.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе