Време

Облачно и ветровито со температури до 26 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде умерено, повремено значително облачно. Во крајните западни и крајните источни делови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 26 Целзиусови степени.

Во Скопје умерено облачно со слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе биде околу 12, а максималната ќе достигне 24 степени.

Според прогнозата на УХМР, во наредните денови следува период на стабилно време со благ пораст на дневната температура. 

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе