УХМР

Облачно и суво време, ветерот попладне ќе ја намали силата

Силен ветер ноќеска дуваше во поголемиот дел од Македонија, а во Штип достигна брзина од 50 км на час, соопшти УХМР.  Во Маврови Анови изутрина се измерени – 4 степени, а во Претор и Крушево -1, додека во останатите делови од државава утринските темрепатур се над нулата. Ва изминатите 24 часа до 8 часот во Берово наврнале 20 литри дожд на метар квадратен, 16 во Крива Паланка и Виница, 15 во Маврови Анови и Пожаране, 14 во Прилеп, 13 во Охрид, а 11 во Битола.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот ветерот ќе ја намали брзината. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе