Во Скопје променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 5 степени. Маврово -4. Охрид, Битола и Крива Паланка 2, Берово 0, Кавадарци 6, Дојран 8.
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и студено време. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината. Утре ќе има повремени локални врнежи од снег.