Време

Облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег

Денеска времето во Македонија ќе биде значително облачно во северните и источните делови со повремени слаби врнежи на пониските места од дожд, на некои повисоки места од дожд и снег, а на планините од снег. На места се можни и краткотрајни врнежи од замрзнат дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер со брзина над 60 км/час. Во текот на денот облачноста ќе се намалува.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје , Крива Паланка и Берово 4 Целзиусови степени, Маврово 2, Охрид, Битола и Кавадрци 6, Дојран 10.

Прогнозата за утре е претежно сончево, по одделни котлини со појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а максималните дневни температури ќе се движат од 4 во Скопје и Маврово, Охрид 7, Битола, Крива Паланка и Берово 5 до 9 степени во Дојран.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе