Во Скопје, претпладне претежно облачно, од пладне облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 15 степени. Маврово 8, Охрид и Битола 13, Крива Паланка 12, Берово 11, Кавадарци 15, Дојран 17.
Преодно стабилизирање на времето ќе има во среда, а во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно, сончево и топло.