Време

Oблачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи

Денеска времето ќе биде променливо облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а попладне засилен ветер претежно од северозападен правец, особено вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната од 21 до 28 Целзиусови степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи особено претпладне. Ќе дува умерен, а попладне засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 13, а максималната ќе достигне до 23 степени. Маврово 17, Охрид 23, Битола 25, Крива Паланка и Берово 21, Кавадарци 26, Дојран 28. 

Во сабота и во недела во поголем дел од денот ќе биде стабилно, а нови пообилни врнежи се очекуваат во првите два дена од следната седмица. Температурата ќе биде во постепено благо опаѓање.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе