Време

Облачно и посвежо

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степена.

Утре температурата ќе опадне за неколку степени и следува период на променливо облачно и посвежо време наместа со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Врнежите ќе бидат поинтензивни во сабота во текот на ноќта и во недела преку денот.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе