Утринската температура ќе се движи од 5 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 14 Целзиусови степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 12 степени.
Во следните денови времето ќе биде умерено до значително облачно, претпладне по котлините со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен во текот на утрешниот ден. Температурите ќе бидат пониски, утринските на места ќе се спуштаат под нулата.