Време

Облачно и постудено

Времето во Македонија денеска ќе биде умерено до значително облачно и посвежо, по котлините со појава на магла. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието. Во југоисточните делови претпладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 12 степени.

Во следните денови времето ќе биде умерено до значително облачно, претпладне по котлините со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен во текот на утрешниот ден. Температурите ќе бидат пониски, утринските на места ќе се спуштаат под нулата.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе