Време

Облачно и нестабилно со локален пороен дожд

Времето во Maкедонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во јужните делови. Утринската температура ќе се движи од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 18 до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје,  променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за развој на нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 27 степени. Маврово 18, Охрид 23, Битола 25, Крива Паланка 23, Берово 22, Кавадарци 28, Дојран 29.

Во текот на оваа седмица ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Локално во следните денови процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Температурата нема значително да се менува.

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе