Време

До вторник облачно и дождливо

Времето утре ќе биде променливо облачно време, а попладне и вечер ќе има повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни особено во западните делови. Облачно и дождливо ќе биде до вторник, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Под влијание на студена воздушна маса, во вторник ќе дува засилен северен ветер, а температурата значително ќе се намали. На планините и на повисоките места особено на запад врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот можно е да провејува снег и на некои пониски места. Поради разведрување во среда и четврток утринските температури насекаде ќе бидат негативни, соопштија од УХМР.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе