Објавен списокот на фирми што зеле државна помош, а не им дале плата на вработените

Владата ги објави списокот на фирми кои зеле финансиска државна помош за исплата на плати, но не ги исплатиле вработените.

Списокот со компании е тешко читлив и во него не е конкретно посочено колку пари зела секоја од фирмите.

Според УЈП, станува збор за 708 компании кои за април и мај зеле околу 385 илјади евра од државата за субвенции на платите, но не им ги исплатиле на нивните вработени.

Директорката на УЈП Сања Лукаревска на прес-конференција соопшти дека станува збор за 281 работодавач во април кои примиле поддршка во износ од 9.995.565 денари, а не ја исполниле обврската за исплата на плата за 722 вработен и во мај 427 компании воопшто не исплатиле плата за 984 вработени, а добиле финансиска поддршка во износ од 13.698.998 денари.

Како што рече Лукаревска, од направената анализа е утврдено дека 120 даночни обврзници кои добиле финансиска поддршка не исплатиле плата за своите вработени и за месец април и за месец мај, а осум даночни обврзници исплатиле помалку плата за двата месеца.

Најголем дел од фирмите се од Скопје – 84, потоа Тетово 38, Гостивар 23, Струга 20 и Куманово 16.

Од Владата најавија дека ќе побараат Обвинителството да покрене постапка за утврдување кривична одговорност против одговорните лица во компаниите.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе