МЕД

Објавен новиот европски Атлас на птици гнездилки со детални информации и за Македонија

По четири години теренски истражувања и милиони податоци за распространувањето и гнездењето на птиците во Европа објавен е новиот Атлас на птици гнездилки.

Во ова издание на Атласот Македонија учествува со сопствени податоци, собрани од експертите и волонтерите на Македонското еколошко друштво со значајна поддршка од странски орнитолози. Низ цела Европа учествуваа преку 120.000 волонтери-истражувачи со што овој Атлас е еден од најголемите проекти за истражување на биолошката разновидност со вклученост на граѓаните. Теренските истражувања започнаа во 2013 година и траеја до 2017 година.

„Овој Атлас е клучна публикација која ќе ја насочува идната работа за зачувување на птиците и природата во Македонија. Ќе ни помага подобро да ги разбереме промените во распространувањето на сите видови птици низ годините и ќе ни дава насоки каде во регионот треба да се спроведуваат активности за зачувување на птици и реставрирање на живеалишта”, изјави Данка Узунова, раководителот на овој проект за Македонија.

Теренските податоци покажуваат дека драстично се намалила бројноста на птиците од земјоделските површини, а зголемена е бројноста на шумските птици и птиците кои се заштитени со меѓународни конвенции и легислатива. Најчестите причини за промените во распространувањето на птиците се пренамената на земјиштето и климатските промени. Дополнително, во последните 30 години гнездечки ареали на птиците во Европа се преместиле кон север во просек за 28 km (поместување од околу 1 km годишно).

Интересно е да се забележи дека повеќе од половина од птиците кои биле истражувани се среќаваат на само 10% од истражените територии т.е. имаат мало распространување со што се потврдува одговорноста која секоја земја ја има кон зачувување на биолошката разновидност.

Анализите покажуваат дека 35% од европските видови птици ја зголемиле својата гнездечка територија, како на пример жолтоглавата тресиопашка Motacilla citreola, а 25% ја намалиле, како на пример градинарската стрнарка Emberiza hortulana.

Проектот немаше да успее без трудот на посветените истражувачи на терен, националните координатори, експертите кои придонесоа за анализа и презентација на податоците, донаторите и други поддржувачи. 

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе