Обилните дождови поплавија подруми од куќи во Кавадарци

Поплавени се десетина подруми од куќи на подрачјето на Кавадарци од синоќешните обилни и силни врнежи дожд, а средишниот дел од главната улица „7 Септември" на која се уште се работело, е оштетена, соопшти ЦУК.

Според РЦУК Велес, ангажирани се три екипи за да ги пополнат дупките на улицата кои не биле затворени. Во нив имало и едно пропаднато возило кое е извлечено со пајак.

На терен се интервенирало со три возила од општина Кавадарци кои биле во контрола на состојбата на улиците.

За испумпување на водата од поплавените подруми, на терен биле екипи од Пожарната служба на Кавадарци со две пумпи, како и екипа од „Комуналец" исто така со две пумпи.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе