Светски ден на животната средина - 5 Јуни

Нуркачи го чистеа Мавровско езеро

По повод Светскиот ден на животната средина - 5 јуни, и во рамките на проектот „За чиста и здрава вода, стоп за загадувањето на водата“, Македонско - хрватското друштво (МХД) и Еколошко - нуркачкиот клуб „Пена“ спроведоа еколошка акција и нуркачки активности во Маврово и го чистеа Мавровското езерото.


Членовите на МХД и ЕД „Пена“ во акцијата што се одржа на 5 јуни, во и околу езерото извршија еколошко чистење, при што беа собрани големи количини на различен вид на отпад и отпадни материјали, како најлонски кеси, пластика, лименки и друго, што директно влијаат за уништување на животната средина и на рибниот фонд.  Од езерото и околу него беа собрани најразлични отпад - пластика, хартија, најлонски кеси, отпадоци, стакло…, кои за водата причинуваат сериозни проблеми и последици по рибниот фонд и биодиверзитетот.

Основна цел на проектот, како што соопшти МХД, е подигање на свеста за екологијата и чување на природните богатства во Македонија како извор на здрава животна средина, додека специфична цел на проектот е подводно чистење на природните и вештачките езера од пластични предмети гуми, делови од моторни возила, разни метални предмети, а особено чистење од заостанати рибарски мрежи во кои се фаќаат рибите и угинуваат.

Проектот почна да се спроведува на 21 март годинава со активност во Тетово каде се реализираше еколошката акција за чистење на реката Пена и месноста Бањиче, а продолжи со чистење на езерото Матка. Во рамките на проектот предвидени се уште две еколошки акции со чистење на езерата Младост во Велес и Мавровското езеро. Подигање на свеста на зачувување на природата посебно на водата ќе има зголемено влијание во иднина бидејќи ќе допринесе да се намалување на загадувањето на природата и езерата и здрава животна средина.

Ова е завршен настан во рамките на проектот „За чиста и здрава вода, стоп за загадувањето на водата“ поддржан од Цивика Мобилитас, а чија цел е подигнување на свеста за екологијата и чувањето на природните богатства во државата.

 

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе