Нуредини: Ако се точни обвинувањата за увезениот мазут, тоа е криминал и ќе има одговорност

Министетството за животна средина никогаш нема дадено дозвола за увоз на индустриски отпадни горива. Ако биле увезени вакви горива во нашата земја под лажна претстава дека тоа е мазут, тогаш тоа е криминално дело бидејќи ние никогаш не сме го дозволиле тоа, изјави министерот Насер Нуредини, кој смета дека за спорниот мазут што бил узвезен и користен во земјава одговорност не треба да чувствува само тој, туку и Владата  и сите граѓани.

Во Дневникот на ТВ Сител Нуредини кажа дека без одобрение на Министетството со кое раководи, каков било отпад не може да биде увезен во нашата земја и дека е направено кривично дело. Владата побарала од сите институции да работат заедно за да се расчисти дали обвинувањата се точни.

„Ако се точни, ќе има одговорност за оние кои го стоириле тоа. Ова е ризик за јавното здравје на нашите граѓани и тоа нема да го дозволиме. На владина седница побарав Царината да ги спореди сите документи со институцијата од која потекнува ова гориво за да бидеме сигурни дека ништо не е променето од местото на потекло, кое може да е која било земја од ЕУ. Од таму до нашата граница да се утврди дали имаат исти, идентични кодови за материјалот кој го имало во резервоарите. Вака и ние ќе знаеме дали производот пристигнал таков како што е наведено од почетната дестинација во нашата земја. Ако имало промени во меѓувреме, тогаш ќе знаеме дека нешто, според мое мислење, иако не сум адвокат, е криминал, фалсификување документи“, рече Нуредини.

Нагласи дека сите надлежни институции мора заедно да работат на ова и дека Владата бара расчистување зашто, рече, тоа е важно прашање.

„Ова е многу отровно гориво ако сме го гореле и тоа не смее да се случи. Нашата идеја е мазутот воопшто да не се користи во иднина“, рече Нуредини.

За загадувањето на воздухот, според него, нема брзо решение и треба постепено да ги менуваме системите за греење, а една од клучните инвестиции е гасификацијата.

„Очекуваме да ја финализираме првата мрежа за гасификација до крајот на годината. Дотогаш очекуваме да потпишеме договори со приватни комапнии кои ќе инвестираат во втората и третата мрежа. Повеќе понуди за индустријата, подобри начини за загревање на нашите домови и објекти, ќе ја намли потребата од користење неконвенционални методи, како нафта, дрво, пелети“, рече Нуредини.

Соопшти за преземени мерки, меѓу кои со Министетство за економија ја смениле регултивата за да се осигури дека квалитетот на цврстите горива е според европските стандарди и дека државата инвестира во обновлива и соларна енергија за ослободување од користење на јагленот, со што, рече, според планот до 2030 година ќе може да се исклучи РЕК Битола.

Една од клучните причини за загадувањето на воздухот, посочи Нуредини, е начинот на греење, не само на домаќинствата, туку и на јавните инстутуции, училишта и болници, кои се загреваат со мазут.

Според Светска банка, околу 40-45 отсто од загадувањето доаѓа од загревањето на објектите. Втора причина се возилата и јавниот транспорт зашто просечна старост на нашите автомобили е 17 години, што е под Евро4-стандардот и третата причина, рече Нуредини, е индустријата, за која се смета дека има удел во загадување од 17 до 20 проценти. 

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе