НП „Маврово” предупредува на повредена мечка на потегот Јанче- Ростушки Мост, која може да биде агресивна

Националниот парк „Маврово”  доцна синоќа на официјалната Фејсбук страницата објави  информација за повредена мечка на делницата Дебар – Маврово, на  потегот помеѓу село Јанче и Ростушки мост,  која би можела да биде агресивна откако ја удрил автомобил.

Ве известуваме дека вечерва на потегот помеѓу село Јанче и Ростушки мост од страна на автомобил е повредена мечка. Ги замолуваме спортските риболовци и другите посетители кои ќе се движат на тој потег да бидат многу внимателни бидејќи повредената мечка може да биде агресивна, објавено е на Фејсбук страницата на Националниот парк „Маврово”.

Од таму додаваат дека доколку некој ја забележи, веднаш да ги извести службите на НП Маврово.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе