Нема застој...

Нови дивоградби во Маврово, се градат 87 куќи под хотелот „Радика“

Дивеењето и неконтролираната градба не престанува во Маврово. Месните заедници, жителите, сопствениците на викендици се обидуваат да апелираат до надлежните во општината и во Министерството за транспорт и врски, меѓутоа неконтролираната градба на територијата на Општина Маврово Ростуше не престанува. Во моментов во тек е изградбата на дури 87 викенд куќи.

На 24 јули во Маврови Анови градоначалникот на Општина Маврово Ростуше Медат Куртовски одржал средба со граѓаните и со претставници на неколку месни заедници на која му било укажано на ова најново дивеење на сопствениците на хотелот „Радика“.

На средбата присуствувале и одговорните за урбанизам во општината. Присутни на средбата за МКД.мк сведочат дека и градоначалникот и одговорните службеници за урбанизам рекле дека за овие градежни активности нема дозвола за градба. Жителите на Леуново добиле ветување дека ќе биде интервенирано. На терен изградбата на овие објекти продолжува и во септември.

Од општината на прашањата на МКД.мк нема одговор.

Она што е интересно е дека компанијата ЕСМ, како надлежна компанија за вештачкото Мавровско Езеро исто така има одговорност за давање согласност за градба околу езерото. Во случајов, била побарана таква согласност, но одговорот уште во јуни минатата година бил негативен. „Опфатот зафаќа во акумулација Маврово (под кота 1.233 м.н.в.) и излегува во заштитниот појас од 50 метри од максималната кота на акумулацијата, дефиниран во Законот за води како заштитен појас во кој не треба да се планираат и изведуваат градежни активности… Не може да се даде согласност за изработка на планираниот АУП во предложениете граници на опфат, туку треба во еден дел (под заштитен појас од 50 метри) да се корегира. Откако ќе се корегира опфатот на урбанистичкиот проект нека ни се достави повторно на увид“, пишува во одговорот на ЕСМ на барањето на „Пологпроект -про“ од Гостивар, фирмата која ги изготвила плановите.

Жителите на Леуново веќе подолго време се жалат на нередовно снабдување со вода. Хотелот „Радика“ има и неколку покриени и затворени базени и спа-центар, па сомневањата се дека една од причините за нередовното снабдување со вода е и хотелот.

Во март годинава Државниот инспекторат за животна средина констатирал дека на територија на Националниот парк Маврово неколку хотели и угостителски објекти не поседуваат елаборат за заштита на животната средина и директно ги испуштаат отпадните води во Мавровското Езеро или реката Радика. Еден од тие хотели е и „Радика“, а тука веќе се градат нови 87 објекти.

А.Д.

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе