Нова депонија во Маврово, си гради куќа и шутот го фрла покрај езеро (ФОТО+ВИДЕО)

Уште една еко-приказна од Маврово. Тони шут во последниве неколку недели се исфрлени покрај брегот на Мавровското Езеро. Овојпат под каменоломот, во близина на селото Маврово, каде што порано веќе била поставена ограда како превентива од вакви „акции“. Но, некој непречено овие денови фрла камиони шут токму на таа локација. И повторно, никому ништо.

 

Жителите на село Маврово велат дека знаат кој тоа го прави. Тие со сигурност велат дека се работи за новата градба под хотелот Бистра, каде што се гради помало хотелче. Сопственикот на овој нов објект, познат судија од Гостивар, и изведувачот на градежните работи тоа непречено го прават веќе со недели. Мавровци пријавуваат, до Националниот парк, до општината, до полицијата, до комуналното претпријатие – ништо. Одговор нема. Судијата и неговиот изведувач тоа непречено го прават. Рекичката кај Старо Маврово е речиси затната од исфрлениот шут.

 

А.Д.

 

 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе