Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ

Нов земјотрес во Грција почувстуван и во Mакедонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа во земјава одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при скопскиот Природно-математички факултет, вечерва во 19 часот и 38 минути регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа 260 килоеметри јужно од Скопје, во соседна Грција.

Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ, земјотресот бил со локална магнитуда од 5,9 степени според Рихтеровата скала.

Според досегашните податоци, земјотресот е почуствуван на целата територија на земјава со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Како што претходно јави дописничката на МИА од Атина, епицентарот на земјотесот бил близина на грчкиот град Лариса, јужно од Еласонас, каде што вчера беше регистриран потрес со јачина од 6 степени според Рихтер, кој предизвика материјални штети. 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе