Режисерот Пановски против поранешниот директор на Агенција за филм

Нов случај против Тозија, се бара неговата адреса за да му се предаде барање за извинување

Веруваме дека државните органи како што се Јавното обвинителство, МВР или Владата, особено во склад со новиот „Кодекс за етичко однесување на државните функционери“, ќе преземат чекори и мерки по службена должност, да се пронајде граѓанинот Горјан Тозија и да се земе на политичка, граѓанска и друга одговорност која може да му следи според законот. Ова пред малку го напиша режисерот Наум Пановски, чиј адвокат веќе подолго време има проблем со доставата на барање за извинување против Горјан Тозија, поранешниот директор на Агенцијата за филм.

Наум Пановски го бара Горјан Тозија

Пановски на својот фејсбук-профил објавува факсимили од повратници на кои пишува дека Тозија веќе не живее на последното негово пријавено живеалиште на улица Народен Фронт 31/31, Скопје.

„Тозија се бара за да му се врачи службено барање од адвокат. Со тој официјален документ, од граѓанинот Горјан Тозија се бара тој да преземе одговорност и да се извини за неговите недолични навреди и закани, кои што тој ги упатува кон своите неистомисленици, новинари, сценаристи, режисери, актери, продуценти и други, а кои што тој авторитарно ги прогласува за неподобни.

Граѓанинот Горјан Тозија, има долга историја на конфликти, судски спорови, парници, инспекциски контроли и истражувања во неговото работење, давање лажни податоци, и бегање од одговорност.

Секој кој знае на која адреса живее Горјан Тозија, или има каква било информација за него и неговото пребивалиште, или пак знае каде може да му биде доставено барањето за извинување,  се моли да ја достави овде“, напиша Пановски на својот фејсбук-профил. 

 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе