Нов групен дом во Скопје за поранешни штитеници на Заводот во Демир Капија

Четири нови лица, младинци од 18 до 26 години се извлечени од Специјалниот завод Демир Капија преку процесот на деинституционализација. Отсега тие ќе живеат во мал групен дом во Скопје, каде ќе имаат подобруи услови за живот, подобра и поквалитетна грижа, но и можност да се вклучат во заедницата и општеството. За нив ќе се грижат четири негувателки и две стручни лица.

„Откако ги извлековме сите деца од Демир Капија на возраст од нула до 18 години, продолжуваме во втора фаза, а тоа е извлекување на повозрасните односно младинците, затоа што сметаме дека секое лице заслужува можност за вклучување во општеството и да се искористат односно тој да ги вложи своите потренцијали и можности во него. Тие во скопје ќе можат да ги користат социјалните услуги во оваа околина, да се вклучат во општеството и да добијат поквалитетна грижа и љубов што овој мал групен дом може да им ја понуди“, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска при посетата на домот.

За услугите да бидат поквалитетни, смета Царовска, тие треба да бидат креирани на локално ниво, поддржани од локалните самоуправи, а граѓанските организации да се појавуваат како даватели на социјални услуги. Овој мал групен дом, вели министерката, е пример за тоа.

Директорката на Специјалниот завод Демир Капија Александра Велковска информира дека ова е петти групен дом во рамки на Заводот.

„Од оваа институција излегоа четири нови лица. Тука добиваат подобри услови за живеење и поквалитетна и индивидуализирана грижа согласно нивните лични потреби. Деинституционализацијата  не значи само промена на живеалиштето и подобрување на условите за живот на овие лица, туку за разлика од институционалното згрижување каде корисникот е пасивен примател на помош, овде живеењето со поддршка го зајакнува корисникот и му нуди право на личен избор согласно индивидуалните потреби“, рече таа

Овој мал групен дом е поддршан од Градот Скопје. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов истакна дека деинстиционализацијата за нив како локална самоуправа е предизвик повеќе, бидејќи, како што рече, секое лице има право на топол дом, домашна атмосфера и подобри услови и грижа

„Суштината е всушност тие лица да ги донесеме во локалната заедница од каде потекнуваат за заедно со специјалните едукатори да помогнеме да ја почуствуваат топлината и грижата. Тоа се стандардите кон кое тежнееме. Секој има право на нормални услови и за живеење и за развој, затоа треба да работиме  институционализацијата како застарен систем да ја снема од нашата држава“, рече Шилегов.

На подготовките за излегување на лицата од заводот во Демир Капија, работеле стручни лица од Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори.

„Во август 2017 година се вклучивме во процесот на деинстуционализација директно во заводот во Демир Капија и работевме на подготвување на корисниците за напуштање на установата, со 30 деца и младинци до 26 години, ова е една од тие групи кои го напушта Заводот, како и со 90 возрасни лица. Работевме на подготвување за самостојно живеење или за живеење со поддршка и во тој дел вложивме напори бидејќи од ваква институција е тешко да ги подгготвиш корисниците со оглед на тоа што се работи за корисници со најтежок облик на интелектуална попреченост и комбинирани пречки“, рече Горан Петрушев од Сојузот.

Министерката Царовска се согласува дека процесот на подготовка е исклучително важен во овој процес. Ова ќе биде процес кој ќе трае и се прави чекор по чекор, бидејќи подготовката на корисниците, од кои некои повеќе од 30 години живеат таму, е повеќе од потребна.

Доколку не подготвиме група која ќе излезе заедно и не ја подготвиме за тоа што ги очекува надвор, тие тешко ќе се соочат со различниот начин на живеење, зашто институционализацијата значи форма на живеење на која тие се навикнуваат, и кога ќе ги донесете во друга средина може да има дразби кои можат да бидат и штетни доколку несоодветно ги подготвите, рече таа.

Досега се отворени два групни дома со лица над 18 години и три до 18 години, кои биле штитеници на Заводот во Демир Капија. 

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе