Нов групен дом за децата од „Ранка Милановиќ“

Нов групен дом каде ќе живеат деца до 18 години кои претходно престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“, а имаат интензивна потреба од поддршка и рехабилитација беше отворен денеска во Скопје.

„Денеска како држава може да бидеме горди затоа што конечно сивиот дом во нашата држава и во социјалниот систем заминува во историјата. Поранешната институција „Ранка Милановиќ“, за грижа за деца потреба од интензивна поддршка или деца кои биле во контакт со законот е трансформирана во два мали групни домови, кои имаат услови и за работна терапија и за одредени третмани потребни за овие деца иако тие во рана возраст дошле во контакт со законот да имаат соодветна социјална заштита, интензивен третман и да може од нив да очекуваме да бидат продуктивни граѓани во нашата држава во иднина“, рече министерката Мила Царовска на отворањето на малиот групен дом.

На овој начин, смета таа, добиваме повисоко ниво на квалитет на заштита на овој тип на наши дечиња во системот, затоа што, како што вели, ако тука успееме да постигнеме вистинско извлекување од ризик во кој се нашле овие деца може да постигнеме многу на сите нивоа во системот на социјална заштита.

Еспет Ериксон, заменик претставник на минисјата на УНИЦЕФ во земјава, смета дека ваквите мали групни домови кои обезбедуваат сигурно место за децата. Тие ќе им обезбедат, рече, сигурни места, кои ќе им бидат како семејство кое очајно го бараат, дом каде ќе имаат чувство на безбедност и припадност.

„Ова е важно за сите деца особено за децата кои имаат комплексни потреби, кои можат да тргнат на погрешен пат ако немаат поддршка од општеството или семејството“, рече таа.

Ериксон додаде дека е задоволна што многу брзо се испонуваат ветувањата на Владата сите деца да се тргнат од институциите до 2020 година.

Виолета Масевска Палиќ, директотка на јавната устанбова за згрижување деца со воспитни проблеми и нарушено поведение, истакна дека со деинституционализацијата службата за заедничко живеење на деца со нарушено поведение се заокружува процесот на деинституционализација, односно на преселување на децата од големите објекти во мали групни домови.

„Тоа бече наша примарна цел која со успех ја завршивме. Она што им го нудиме на децата во овие групни домови е домашна атмосфера и нешто најблиско што може да се спореди со семејна средина“, рече таа.

Додаде и дека во овие групни домови ќе има можност да се имплемнтираат нови методи и нова техника на работа со овие деца, кои ќе дадат повеќе можности за нивна ресоцијализација.

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе