Норвешка донација на опрема за следење и контрола на ефектите од чистењето на линданот во ОХИС

Во Лабораторијата за хроматографска анализа на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет денеска ќе биде ставена во функција нова опрема за правење анализи на животната средина, која ќе се користи за независно следење и контрола на ефектите од чистењето на линданот во ОХИС.

Опремата е донaција од Норвешка преку имплементиран проект „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“ од Канцеларијата за проектни услуги на Обединетите нации (УНОПС).

Новата опрема ќе ја промовираат заменик-амбасадорот на Норвешка, Геир Јохансен и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе