Според УХМР

Ноќеска ветерот во Скопје беше со брзина од над 100 километри на час

Последните информации од Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека ветерот што дуваше синоќа во Скопје бил со брзина од над 100 километри на час, откорна дрвја, покриви од згради и оштети фасади на објекти.

Во западните и северните делови од државата ветерот бил со брзина од над 70 километри на час. Во текот на ноќта и изутринава претежно во западните делови имало врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег каде се формирала снежна покривка и имало појава на снежни наноси.

За денеска синоптичарите најавуваат променливо облачно време со повремен дожд особено во западните делови од државата. На планините ќе има врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен западен ветер во западните делови, а по должината на Повардарието северен и со умерен интензитет. Максималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 14 степени.

Во Скопје се очекува слично време со максимална температура до 10 степени.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе