Ноќеска е локализиран пожарот во Ранковце

Шумскиот пожар што вчера зафати голема површина во атарот на селата Отошница и Радибуш во Општина Ранковце рано утрово е локализиран, информираат од Јавното претпријатие Македонски шуми, подрачно шумско стопанство „Осогово”, Крива Паланка.

„Пожарот кој вчера стихијно се ширеше во најголем дел од реонот на селото Отошница и дел село Радибуш и опожари и шуми и ливади, но за жал и куќи на месното население, е локализиран околу полноќ. По неговото првично локализирање повторно се појавија одредени жаришта, на кои се интервенираше, така што целосно е локализиран околу два часот утринава. Со пожарот е зафатена голема површина борова и дабова шума, ливади, а проценка и мерење ќе се врши во текот на денот“, изјави Ивица Митовски, директор на ПШС „Осогово”, Крива Паланка.

Поради сериозноста на ситуацијата со пожарот, синоќа во Ранковце на местото каде пожарникарите и мештаните се бореа со пламените јазици беа и вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Службите се на терен, сите надлежни институции се активирани, со цел да се стави под контрола оваа состојба. Состојбата ја следиме будно, координирано работиме со сите надлежни институции, со цел најитно спречување на поголеми штети. Државните органи се во полна подготвеност, да се справиме со ова успешно и ефикасно. Вечерва остануваме на терен, заедно со граѓаните, со сите екипи, затоа што безбедноста, заштитата на населението и материјалните добра е наш врвен приоритет“, напиша Николовски на својот Фејсбук профил.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, пак, напиша дека по локализирање на пожарот со вицепремиерот Николовски и со македонската полиција се упатиле кон Старо Нагоричане каде има активни пожари.

„Во текот на ноќта будно ќе ја следиме состојбата, државата ги мобилизира сите свои сили со кои располага за ставање на состојбата под контрола и целосно гасење на пожарите. Голема благодарност до граѓаните, пожарникарите, полицајците, ЈП Национални Шуми, градоначалниците на Ранковце, Крива Паланка, Пробиштип и Старо Нагоричане кои помогнаа во справувањето со состојбата. Апелирам до сите граѓани да не се движат низ шумските подрачја во земјата заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите“, напиша Спасовски.

И во Крива Паланка вчера беа регистрирани повеќе пожари и тоа во селата Варовиште, Конопница и Кошари, м.в.Црвена нива, а опожарени плевна, куќа, дрва за огрев, сува трева, нискостеблеста деградирана шума и дабова шума.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе