Кампања на ЈП Водовод и канализација-Скопје и СОС Детско село

„Ниту едно дете не треба да расте само”

ЈП Водовод и канализација – Скопје, водејќи се од позитивната мисла дека љубовта и грижата се неопходни за среќно и безгрижно детство, како што е водата за животот, во април оваа година стана член на големото СОС семејство.

„Чест и задоволство е да си член на едно големо семејство, како СОС Детско село. Започнавме само со една позитивна мисла, да ја поддржиме иницијативата за донирање средства за децата и младите без родителска грижа и оние во социјален ризик згрижени во СОС Детско село, а како што велат оттаму досега се донирани 374.944,00 убави мисли, преку повикот упатен до нашите корисници. Јас сум навистина среќен и задоволен што со промените кои ги правиме успеваме да допреме до граѓаните, што тие можат да ја препознаат нашата заложба за делување во заедницата и што даваат позитивен одговор на тоа. Исто така сум задоволен што ја менуваме перцепцијата кон делување на јавните претпријатија и институции во однос на општествената одговорност. Оттука, ги повикувам сите компании, институции, претпријатија и поединци да го следат нашиот пример, бидејќи убаво е да си прв, но никој не треба да биде сам“, вели Душко Весковски, Генерален Директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

ЈП Водовод и канализација – Скопје, како што соопштуваат оттаму, продолжува со активности за поддршка на СОС Детско село, па во Дирекцијата на претпријатието и во Сервисниот Центар Бутел, во Бутел се поставени касички за донација, каде корисниците, посетителите и граѓаните можат да донираат.

Bработените од ЈП Водовод и канализација – Скопје, пак, ќе се приклучат кон акцијата за редовно месечно донирање со цел да обезбедат континуирана поддршка на децата и младите без родителска грижа и оние во социјален ризик за кои СОС Детско село се грижи веќе 19 години.

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја отвора и можноста за он-лајн донации преку својата веб страна каде има можност за директно поврзување со линкот за он-лајн донации на СОС Детско село.

 

Државата Бугарија ги исцрта своите позиции, а државата Македонија не. Сега сме во финалната фаза – за овие прашања да зборуваат партиските водачи – Заев, Мицкоски, а поретко нивните статисти – пратениците и претседателот на Републиката.

повеќе

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе