Време

Ниски утрински температури, потоа сончево до 24 степени

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8, а максималната од 17 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде исто сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 23 степени.

За време на викендот, утрата ќе бидат студени, а дневната температура ќе биде во пораст, кој ќе биде позначителен кон почетокот на следната седмица.

Во понеделник во западните делови ќе започнат врнежи од дожд, а во вторник ќе биде и нестабилно со повремено пороен дожд и појава на грмежи и засилен ветер, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

Од почетокот на следната седмица се најавува ветровито време со умерен до повремено засилен јужен ветер. 

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе