Николиќ: Ниту еден професионален војник со наполнети 45 години нема да остане незгрижен

Министерството за одбрана останува посветено на својот приоритет за решавање на прашањето на професионалните војници со наполнети 45 години. Оваа грижа и овој приоритет ќе биде решеван и понатаму како и досега, изјави денеска државниот секретар во Министерството за одбрана Драган Николиќ. Тој потенцира дека ниту еден професионален војник со наполнети 45 години нема да остане незгрижен, а неговиот статус нерешен.

Тој потсети дека дека на 1 февруари 2021 година беше објавен проектот за решавањето на професионалните војници.

„Отвораме нови можности преку пополнување на противпожарната територијална единица низ целата држава. Тој проект продолжува и годинава и ве уверувам дека ниту еден професионален војник со наполнети 45 години нема да остане незгрижен и нерешен во неговиот статус во однос на втората кариера“, рече Николиќ.

Тој напомена дека сите активности поврзани со статусот и прашањето за професионалните војници со наполнети 45 години возраст е поздравен од синдикатите во Министерството за одбрана и сите активности, како што рече, ги водиме транспарентно. Потсети и на законските измени кои се во завршна фаза во Собранието и додаде оти се отвора нова можност за решавање на статусот на професионалните војници преку изборот што ќе го имаат сами, а тоа е околу отпремнината и продолжување на нивната втора кариера во органите на државна упарава и органите на локална самоуправа.

„Апелирам Собранието час поскоро да ги изгласа овие законски измени и со тоа да им се овозможи на професионалните војници да можат да имаат и дополнителна опција“, изјави Николиќ.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе