Независниот полициски синдикат вели дека на 7 мај МВР ќе потпише договор кој е тежок срам за полицијата

Независниот полициски синдикат соопштува дека Македонскиот полициски синдикат при МВР на 7 мај е подготвено да потпише колективен договор за МВР, кој е тежок срам за полицијата и дебакл за Македонија и додаваат дека нема тоа да го остават туку така.

„На 30 април беше потпишан последниот колективен договор и после 6 години пак да се донесе колективен договор на штета и на онака загрозениот полицаец некокого многу ќе го чини. Јавно Ве повикувам на што поголема масовност на 8ми мај, а зависно од излезноста ќе го договориме и планот за поништување на тоа што ќе го потпишат на 7ми мај. Правниот адвокатски персонал на Незавсниот Синдикат на Полицијата веќе подготвува иницијатива до уставниот суд и Службен весник која веднаш ќе биде доставена на 10.05.2021 година за поништување на колективниот договор кој сакаат да ни го наметнат и наредните години ќе треба да ги трпиме небулозите и неправдите кои сакаат да ни ги наметнат. Браќа и сестри, колеги и колешки, на Вас е дали ќе ќутите и трпите или ако ништо друго преку протести и правни дописи ќе ставиме крај на циркузот наметнат од едноумието на мрачното синдикално досегашно молчење, на тие кој и до сега ни го подготвуваа и ова што долг период ни се случува", се вели во соопштението на Независниот полициски синдикат.

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе