„Незапирливи“ - Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

„Незапирливи“ е мотото на годинашното одбележување на 8 Мај –  Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина и на Неделата на македонскиот Црвен крст (8-15 мај 2021) и произлегува од активностите на оваа хуманитарна организација во изминатата година во справувањето со последиците од глобалната пандемија. 

„Слоганот на овој наш годинашен празник во голема мера се должи на напорите на нашето движење да одговориме на последиците од коронавирусот. Сè она што направија волонтерите и службата беше во функција да им се помогне на луѓето за подобро да се справат со пандемијата. Секој од нас игра важна улога во заедницата, таа да стане попријатно место за живеење и делување. Секое наше добро дело претставува чин за поттик на нашите граѓани да ни се приклучат во нашата мисија за да им помагаме на луѓето кои се нашле во незавидна положба. Сигурен сум дека, заедно, ќе продолжиме да бидеме незапирливи во нашите напори да изградиме похумано општество во кое достоинството и добросостојбата на граѓаните ќе биде најважно од сè“, вели претседателот на Црвениот крст на РСМ, Ромел Велев. 

Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина се одбележува секоја година на овој датум во чест на Анри Динан, основоположникот на ова движење, кој е роден на 8 мај 1828 година.

Националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина низ светот на овој ден преку пригодни активности ја подигнуваат свеста за значењето на нивните основни принципи и вредности, организираат различни активности за привлекување нови членови и волонтери и за оддавање признание и благодарност на партнерите кои ги поддржуваат во хуманата мисија.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе