Невремето најмногу дожд истури врз Крушево, попладнево во земјава можни нови бури

Најмногу дожд изминатите 24 часа наврна во Крушево, 28 литри на метар квадратен, а најмалку во Пожаране, еден литар. Како што информира УХМР, до 8 часот утрово се измерени 12 литри во Тополчани, 11 во Берово, 8 во Скопје – Зајчев Рид, 4 во Тетово и Попова Шапка, како и 3 во Маврово. Невреме во земјава може да се очекува повторно попладне.

Крушево - поплавена улица

Времето денеска прeтпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а од пладневните часови променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 32 степена. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Максималната температура ќе достигне 30 степени.

Легенда под Главна слика

Крушево - поплавена улица

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе