„Национални шуми“

Нема забрана за движење на Водно

„Национални шуми" на социјалните мрежи појасни дека движењето в шума ќе биде дозволено доколку си извадите дозвола во една од нивните подружници, но додаваат и дека ова јавно претпријатие не издава дозволи и не забранува движење во националните паркови и парк-шумата Водно.

Од јавното претпријатие напишаа:

„За да нема недоразбирања за забраната за движење во шума, мало објаснување:

Секој може да се движи во шума со претходно добиена дозвола. Дозволите се издаваат во 30 подружници на „Национални шуми";

Националните паркови (Пелистер, Галичица, Шар Планина, парк-шумата Водно) се посебни субјекти и „Национални шуми" за нив не даваат дозвола и не забрануваат движење"

Оттаму потсетуваат дека минатата година го имавме најголемиот шумски пожар во поновата историја, а штетата од него се проценува на околу 7 милиони евра само за „Национални шуми".

Штетата за наредните години е непроценлива, бидејќи изгоре дрвна маса од 380.000 м3 - истакнаа од „Национални шуми" и додадоа дека забраната за движење во шума е превентивна и нема никакви други намери.

Од претпријатието соопштија дека делумната забрана за движење во шума ќе трае сè до проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, а истата не важи за МВР, Шумска полиција, ЦУК, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, ЈП „Национални шуми" - Скопје, субјектите што вршат шумско-стопански активности сеча, дотур и транспорт на дрво и дрвни сортименти на површините со кои стопанисува ЈП „Национални шуми" - Скопје, стручните служби на концесионерите на дивечот во ловиштата кои се наоѓаат на територијата со која стопанисува/управува ЈП „Национални шуми" - Скопје и лица кои имаат писмено одобрение за движење во шумите со кои стопанисува ЈП „Национални шуми" - Скопје.

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе