Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации

Нема докази дека добиток и домашни миленици можат да го пренесат ковид-19 на луѓето

Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) соопшти дека нема докази за вмешаност на животните (добиток и домашни миленици) во ширењето на коронавирусот и нема потреба за преземање мерки што можат да ја загрозат благосостојбата на животните. Наместо тоа, додаваат во соопштението, ФАО ги промовира вообичаените хигиенски практики на миење раце пред и после контакт со или хранење на добиток и домашни миленици, вклучително и внимателно ракување со месо од диви животни, во согласност со нормалната добра практика.

Од почетокот на глобалното ширење на коронавирусот ковид-19, ФАО соработува со Светската здравствена организација (СЗО) и Светската организација за здравје на животните (ОИЕ) за поддршка на земјите членки во идентификување на потенцијални домаќини на овој вирус кај животните и спречување на негово пренесување на луѓето, информираат од ФАО.

Оттаму посочуваат дека истрагите да се разбере епидемиологијата на ковид-19 и вклученоста на животните како резервоар на вирусот или привремени домаќини, се во тек.

Во овој момент, сепак, најголем ризик од ширење на ковид-19 е пренесувањето од човек на човек. Оттука, СЗО е надлежен и примарен извор на информации во врска со човековите здравствени аспекти на ширење на вирусот, се вели во соопштението.

ФАО ја советува јавноста да земе предвид оти во моментов нема докази дека кучињата играат улога во ширењето на ковид-19. Како општа пракса, се наведува во соопштението, при грижата за кој било вид на животни, секогаш мијте ги рацете пред и после комуникација со нив.

Луѓето не треба да ракуваат, колат, продаваат, подготвуваат или консумираат месо што потекнува од диви или домашни животни кои се болни или кои умреле од непознати причини. Не треба да се консумира сирово месо од дивеч или необработени јадења кои содржат крв од диви животни. Овие практики ги доведуваат луѓето во висок ризик од заразување со бројни инфекции. Било каква невообичаена болест или смрт кај животните треба да се пријави кај надлежните органи за здравјето на животните, потенцираат од ФАО.

Со цел да придонесе за превенција и контрола на ширењето на корона вирусот, ФАО препорачува сите активности да бидат координирани со еден здравствен пристап, односно тесна соработка меѓу експертите за здравјето кај животните, луѓето и животната средина.

ФАО континуирано ги следи и споделува информациите за состојбата со коронавирусот на глобално ниво и ги координира активностите за превенција, подготвеност и откривање кај животните во соработка со СЗО и ОИЕ, по принципот на единствен здравствен пристап One Health, се наведува во соопштението.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе