Нема да дозволиме злоупотреба на службената положба, велат од ДИЖС по апсење инспектор за животна средина

Државниот инспекторат за животна средина соопшти дека денешното апсење државен инспектор за животна средина заради сомневање дека примил поткуп е доказ за, како што велат, дека се решени да се пресметаат со корупцијата и да ја вратат довербата во институциите.

Очекуваат надлежните органи детално да го истражат случајот со цел негово решавање во согласност со законот.

„Нема да дозволиме злоупотреби на службената положба. Одлучни сме да застанеме на патот на корупцијата која е составен дел на криминалот во животната средина“, се вели во соопштението.

Од Државниот инспекторат за животна средина посочуваат дека го осудуваат секој обид на инспекторите да остварат материјална корист од прикривање  законски прекршувања на загадувачите. 

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе