И покрај забраната

Некој пак се обидува да увезе РДФ отпад во Македонија, вчера вратени 14 камиони од Богородица

Вчера на терминалот Гевгелија подолго време биле заглавени 14 камиони. Откако влегле во Македонија и било потврдено дека носат РДФ отпад, што од неодамна е забранет за увоз во земјава, тие биле вратени.

Од Царинската управа ги потврдуваат овие информации и додаваат дека камионите останале на терминалот сѐ додека не извадиле дозволи за транзит и влез во Грција.

„Камионите се вратени и од Царинската управа не им беше дозволен ни влез ни транзит низ Македонија“, велат во одговорот на прашањето на МКД.мк.

Откако камионите биле вратени, познавачите за МКД.мк коментираат дека сега тие 14 камиони ќе отидат до пристаништето во Солун, товарот ќе се префрлел во контејнери, и со сменети фактури РДФ-отпадот ќе тргнел пак кон Скопје. Се претпоставува дека товарот на овие 14 камиони бил од Италија.

За тоа кој бил увозникот и за која компанија бил наменет овој отпад сѐ уште чекаме одговор од Царинската управа.

РДФ отпад (Refuse derived fuel) е гориво произведено од раздробени отпадоци од гума, текстил, кожа, пластика, хартија...

А.Д.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе