Државен завод за статистика

Негативен е природниот прираст во државава

Податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, покажуваат дека бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2021 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 4 отсто и изнесува 4.604 живородени деца. 

Бројот на починатите лица во второто тримесечје од 2021 година бележи зголемување од 40.2 отсто во споредба со истото тримесечје од 2020 година и изнесува 7.496 лица, а од нив 13 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен и изнесува  -2.892, што значи дека за толку лица бројот на живородените е помал од бројот на починати во државата.

 

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе