Наши апсурди

Нефи Усеини, градител на дивоградбите во Охрид, повикува на протест против уривање на дивоградби

Едногласно да станеме да ги браниме покривите на нашите браќа, затоа што тие можат да бидат и наши, повикува преку својот фејбук-профил Нефи Усеини, советникот на општина Охрид, на протест против акцијата за уривање на дивоградбите во Охрид. Усеини повикува на протест на 25 септември пред општината.

Нефи Усеини

„Во овој период сите чувствуваме притисок од страна на институции кои сакаaт да ни наштетат. Од 1.400 дивоградби, вклучувајќи ги и оние покрај езерото кои го ризикуваат исклучувањето на Охрид од УНЕСКО, кои исто така ги окупираа тротоарите на градот, а читаме само за градби како куќи и џамии, кои им припаѓаат на охриѓани.

Затоа едногласно да станеме да ги браниме покривите на нашите браќа, затоа што тие можат да бидат и наши. Според тоа на 25 септември (Среда) во 10:00 часот пред општина Охрид масовно да се поддржиме едни со други како што секогаш сме правеле за нашите граѓани“, напиша Усеини на Фејсбук.

Општина Охрид минатата недела почна со уривање на дивоградбите на територијата на општината како дел од акцијата за спроведување на препораките на УНЕСКО за задржување на статусот „град под заштита на УНЕСКО“.

Досега, советникот на ДУИ, Усеини, е посочен како инвеститор на најмалку две дивоградби на територијата на општината.

 

 

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе