Од АХВ информираат дека е постапено по две нотификации, а за третата од јануари годинава постапката е во тек.
„По приемот првата нотификација во септември минатата година (23 септември 2020 година) инспекциските служби на Агенцијата презедоа мерки согласно законските надлежности. Извршена е вонредна инспекциска контрола кај увозникот. Небезбедниот производ во количина од 280 килограми е повлечен од промет и безбедно поништен на депонијата Дрисла“, појаснуваат од Агенцијата.
Во вториот случај, при примената нотификација на 6 ноември лани, направена била контрола во магацините на увозникот на сусам за нашава земја и било утврдено дека небезбедните лотови од производот, наведени во нотификацијата, не се најдени во магацините.
„Агенцијата за храна и ветеринарство ја следи состојбата и спроведува континуирани контроли. Доколку се јави потреба, навремено ќе се реагира согласно законските надлежности“, се вели во соопштението.