Протест поради загадувањето

Не може 1,5 милион евра да трошите против загадувањето, а 2 милиони за патни трошоци

Поголема група на граѓани во организација на иницијативата „Канцерогено општество" денеска пред Собранието и пред Владата протестираа поради загадувањето.

,,Ставете налепници на тешката индустрија”, ,,Парите ги потрошивме за инхалатори место за точаци” „Четворица дневно умираат чекајќи чист воздух“, се само некои од транспарентите што може да се видат на протестот.

Протестот го организира иницијативата „Канцерогено општество“, а почна околу 13 часот пред Собранието на РМ. По околу 40 минути граѓаните се упатија кон Владата каде ги искажаа своите барања.

Меѓу барањата кои ги испорачаа се свикување итна владина седница, вклучување експерти и граѓански сектор во контролите кон големите загадувачи.

Владата и институциите да престанат со т.н. решенија против загадениот воздух кои дирекно удираат по џебот на најсиромашните, а крупните капиталисти и најголемите загадувачи остануваат недопрени, порачаа активистите.

„Не може со 1.5 милион евра буџетски средства да го исчистите најзагдениот град во светот, а вашите патни трошоци да бидат два милиони евра годишно“, Изјави Кристијан Узунов од иницијативата „Канцеоргено општество“ на денешниот протест против загадувањето. 

Според Давор Врговиќ, исто така активист во „Канцерогено општество“, барањата на граѓаните треба да се надополнат и подобрат од страна на експерти. „Очекуваме некој од Владата да не прими и да не сослуша. Останува да видиме како ќе одговорат на нашите барања. Потоа, дополнително ќе утврдиме како би дејствувале понатаму“, изјави Врговиќ.

Протестот беше закажан и на социјалните мрежи под слоганот „Мртво општество, не!!!“. 

 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе