„Мојата порака е таа која што секогаш ја давам, а тоа беше уште првиот момент кога најголем број од градоначалникот кандидирани и поддржани од СДСМ победија „Да не ми изиграваат локални шерифи и достоинствено да им служат на граѓаните“. Оваа недела сигурно ќе реагираам зашто јас сум служител на сите наши граѓани и сакам да бидам секогаш во нивна заштита. Секако, граѓанин е и градоначалникот, но тој извршува сериозна и одговорна функција. Не знам детали, не можам да инсинуирам било што, но дефинитивно ќе се информирам за случајот и ќе дадам дополнително коментар“, рече Заев како одговор на новинарско прашање за случувањата во оваа општина.
Сител вчера објави дека четворица членови на Дисциплинската комисија се мета на раководството на општината и против нив се поднесени дисциплински постапки.
Градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски јавноста го знае по наградната игра по повод роденденот на Општината Лозово, каде главната награда – шпорет, ја доби неговата ќерка, како што кажа тогаш водителката – „без лажи и преваре".
Познат е и по ветувањето дека ќе ја вработи Атиџе Муратова од документарниот филм „Медена земја" и дека општината ќе ја финансира поправката на кровот од нејзината куќа.
Бидејќи многу луѓе на Хатиџе ѝ ветија многу нешта, а не исполнија ништо, освен фотографирање пред одење на Оскарите, младата кривопаланчанка Мариа Дибијаџо отвори страница за донации за хероината. Донаторите за возврат ќе добијат уникатни дизајнерски маици со ликот на Хатиџе.